Сообраќај
116 санкции за пребрзо возење на територија на СВР Битола
28.12.2022 15:52
Од нив, 81 ја пречекориле брзината во населено место, а 35 надвор од населено место...

Денеска во периодот од 09:00 до 14:00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 116 возачи.
Од нив, 81 ја пречекориле брзината во населено место, а 35 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
