МВР

Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

28.12.2022 18:52

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, биле извршени детални проверки од тимови за антитерористички проверки и било утврдено дека станува збор за лажни пријави...

Mинистерството за внатрешни работи соопшти дека се направени сите потребни проверки, во врска со денешните пријави од  20 училишта во Скопје и 8 во Куманово по добиените пораки на електронските адреса, со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, биле извршени детални проверки од тимови за антитерористички проверки и било утврдено дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.