ИТКФ Европски карате семинар
30.04.2014 12:45
Во организација на Австриската традиционална карате федерација, од 1 до 4 Мај 2014 година во Иннсбург, Австрија ќе се одржи ИТКФ Европски карате семинар со легендарниот карате мајстор Сенсеи Хироши Шираи 10 дан, Претседател на ИТКФ-Шиханкаи. Сенсеи Шираи е најдобриот ученик на творецот на традиционалното карате во светот Сенсеи Хидетака Нишијама, кој во 1962 година станува севкупен шампион на Јапонија во ката и кумите во организација на Јапонската Карате Асоциација.

Во организација на Австриската традиционална карате федерација, од 1 до 4 Мај 2014 година во Иннсбург, Австрија ќе се одржи ИТКФ Европски карате семинар со легендарниот карате мајстор Сенсеи Хироши Шираи 10 дан, Претседател на ИТКФ-Шиханкаи. Сенсеи Шираи е најдобриот ученик на творецот на традиционалното карате во светот Сенсеи Хидетака Нишијама, кој во 1962 година станува севкупен шампион на Јапонија во ката и кумите во организација на Јапонската Карате Асоциација. Тој е еден од најголемите карате инструктори во светот кој повеќе од 50 години го шири Шотокан карате стилот низ целиот светот.
Исто така Сенсеи Шираи на 13 и 14 Јуни ќе допатува во Скопје каде ќе одржи карате семинар и ќе биде специјален гостин на Јубилејот 45 години Карате Клуб Работнички и 40 години Македонска Традиционална Карате Федерација, свеченост која ќе биде организирана на 13 јуни во Скопје каде ќе бидат наградени сите бивши и сегашни каратисти и функционери кој дале придонес во развој на КК Работнички и МТКФ.
