Косово

Се отстрануваат барикадите на северот на Косово

29.12.2022 09:33

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој се сретна со етничките Срби во градот Рашка, кажа дека процесот веројатно ќе трае подолго...

Косовските Срби се согласија да ги отстранат барикадите, прифаќајќи ги повиците од САД и Европска Унија за смирување на тензиите. Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој се сретна со етничките Срби во градот Рашка, кажа дека процесот веројатно ќе трае подолго. Додаде дека САД и ЕУ гарантираат дека ниеден Србин од барикадите нема да биде кривично гонет.

„Процесот не е едноставен, не може да се изведе за два часа како што некои замислуваа. Барикадите ќе бидат тргнати во рок од 24 до 48 часа, но недовербата нема. Оние кои си поигруваат со животите на Србите во Косово мора да го знаат тоа. Исто како што не им го дозволивме досега, нема да им го дозволиме ни во иднина“, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Според претседателката на Косово Вјоса Османи, косовските институции ќе дејствуваат доколку тие барикади не се отстранат бидејќи, како што вели се најопасните досега.