Фантомски милијарди долари на Банка на Америка
Банка на Америка објави дека направила огромна грешка изразена во милијарди долари. На своето конто, Банката имала четири милијарди зелени банкноти повеќе отколку што бил проценет нејзиниот капитал. Ова се одразило на височината на дивидендата што се распределувала на акционерите, по што Федералната Банка на САД веднаш го запрела купувањето на акциите на банката на берзата. Ова, според експертите, го отвора прашањето дали националните најголеми банки се преголеми за управување.

“ Воочени се показатели за отсуство на соодветна контрола. Тоа е банка и вработените мораат да ги внесуваат точните бројки“-вели Мајк Мејо, берзански аналитичар.
Фантомските четири билиони долари не биле регистрирани неколку години.
Зоран Богатинов