Голем напредок за Македонија
27.11.2013 08:35
Советот на министрите на ЕУ на декемврискиот самит нема да ги повлече препораките Македонија да ги почне претпристапните преговори,очекува Директорот во Директоратот за проширување на Европската Комисија,Кас Грање. Дали ќе има или не одлука за старт на преговорите зависи од нив, но евидентно е дека Македонија постигна голем напредок во реформите, вели Грање.

,,Не мислам дека Комисијата ќе се повлече од сите овие препораки,целосно сме посветени на оваа задача и тоа продолжува.Земјата има напредок и секој ден се поблиску и поблиску стига до Европската Унија,, изјави директорот во Директоратот за проширување,Александра Кас Грање.
Според вицепремиерот за евроинтеграции Бесими,нема опасност од таканареченото украинско сценарио ниту пак за евентуална нестабилност доколку Брисел не ни даде зелено светло за почеток на преговорите со Унијата,иако е свесен дека одлуката се носи со консензус.
,,Ние во овој момент не може со сигурност да кажеме дека препораката на ЕК годинава ќе добие зелено светло од сите земји членки на ЕУ,но ова во никој случај не значи Македонија да одбере друг пат.Македонија има единствен пат,најдобриот пат,а тоа е Македонија рамноправна членка во ЕУ и во НАТО,,истакна вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими.
Македонија и Европската комисија ги парафираа двете финансиски спогодби во делот на ИПА фондовите.Дополнителни 1 и пол милиони се даваат за јавната администрација,во делот внатрешни работи и правда,замјоделство и животна средина.Од државниот буџет ќе се издвојат уште 275 илјади евра.Во однос на меѓуграничната соработка меѓу Македонија и Грција, за 4 години се потрошени 13,7 милиони европски пари.
Милчо Велески