До ДИК поднесени 15 приговори, СДСМ вечерва ќе пресече дали ќе ги враќа мандатите

30.04.2014 13:08

Попладне на централен одбор се очекува, опозициската партија да пресече, кои чекори ќе ги преземе по одлуката за непризнавање на изборните резултати...

До Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени 15 приговори, за постапката на гласањето на претседатските и на предвремените парламентарни избори. Од ДУИ два, од ГРОМ четири, ДПА шест и еден од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ не достави ниту еден приговор за избирачкиот процес.

Попладне на централен одбор се очекува, опозициската партија да пресече, кои чекори ќе ги преземе по одлуката за непризнавање на изборните резултати.

Информациите говорат, дека синоќа, извршиниот одбор решил да му даде насоки на централниот, за враќање на мандатите!

Изборниот законик е јасен- по депонирањето на оставките на пратениците од СДСМ, ДИК ги повикува наредните од листата до 20-тиот кандидат, дали ќе го прифатат мандатот или не.

Ако и тие го одбијат, ДИК е должна да распише дополнителни избори за 34 пратенички места, колку што освои СДСМ, појаснува универзитетскиот професор Тања Каракамишева.