Се намалува ДДВ од 18% на 5% за одредени производи
30.04.2014 13:13
На денешната владина седница беа прифатени измените на предлог-законот за ДДВ...

Данокот на додадена вредност ќе се намали за сточна храна и адитиви, жив добиток, бебешки производи и училишен прибор. Премиерот Никола Груевски истакна дека е донесена одлука за неколку производи да биде намалено ДДВ од 18 на 5%.
„Со намалувањето на ДДВ, очекуваме да се намали и цената на производите, што ќе биде директна помош за граѓаните. Намалениот ДДВ кај бебешките производи и училишниот прибор ќе биде од голема помош за родителите на новородени бебиња и ученици. Со намалувањето на ДДВ ќе се влијае и врз цените на сточната храна и добитокот, со што ќе се влијае и на намалување на цените на месо и млечни производи. Оваа мерка ќе ја подобри и конкурентноста на македонските производи врз увезените производ“ истакна Груевски.
Нивото на финансиски импликации за оваа мерка е 380 милиони денари на годишно ниво.
