МВР

Спасовски и Агелер и во наредниот период ќе продолжат да работат на интензивирање на соработката

29.12.2022 15:10

Министерот Спасовски, на почетокот на средбата и посака добредојде на амбасадорката Агелер посакувајќи и успех на функцијата и изразувајќи благодарност на поддршката што Владата на Соединетите Американски Држави години наназад и ја дава на Република Северна Македонија, конкретно на Министерството за внатрешни работи во јакнење на капацитетите и сите процеси кои се спроведуваат преку проектите наменети за полицијата.

Денеска, министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Анџела Агелер.

Министерот Спасовски, на почетокот на средбата и посака добредојде на амбасадорката Агелер посакувајќи и успех на функцијата и изразувајќи благодарност на поддршката што Владата на Соединетите Американски Држави години наназад и ја дава на Република Северна Македонија, конкретно на Министерството за внатрешни работи во јакнење на капацитетите и сите процеси кои се спроведуваат преку проектите наменети за полицијата.

Како приоритети и цели на кои Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е целосно фокусирано изминатиов период и во периодот што следи, министерот Спасовски ги посочи: борбата против организираниот криминал и корупција, компјутерскиот криминали, миграцијата и борба против тероризмот. Сите овие поставени цели на ниво на МВР успешно се спроведуваат и реализираат, а резултатите постигнати на тој план се на високо професионално ниво.

Министерот Спасовски и амбасадорката Агелер заеднички констатираа дека и во наредниов период ќе продолжат да работат на интензивирање на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Владата на САД преку Амбасадата на САД во Скопје.