МВР
Запленети над 1000 парчиња пиротехнички средства во Скопје
29.12.2022 16:33
На пазарот во нас. Драчево – Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода С.Е.(51) од Скопје. На неговата тезга биле пронајдени разновидни пиротехнички средства...

На 28.12.2022 во 14.50 часот на пазарот во нас. Драчево – Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода С.Е.(51) од Скопје. При контрола на неговата тезга биле пронајдени и одземени 1150 парчиња разновидни пиротехнички средства.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
