Украина

Со 120 руски проектили нападнати неколку украински градови, вклучително и Киев

29.12.2022 18:10

Експлозии се регистрирани во Киев, Харков, Одеса, Лавов, Житомир. Има повредени, меѓу нив и 14-годишно девојче. Ракета, истрелана од украинскиот систем с-300 паднала на територијата на Белорусија...

Воздушна тревога ширум Украина поради нов, голем бран руски ракетни напади. Украинските власти тврдат дека биле нападнати со 120 проектили. Експлозии се регистрирани во Киев, Харков, Одеса, Лавов, Житомир. Има повредени, меѓу нив и 14-годишно девојче.

Нападите се последни во серијата насочени кон витална инфраструктура, предизвикувајќи прекин на електричната енергија. Ракета, истрелана од украинскиот систем с-300 паднала на територијата на Белорусија.

Претседателот Лукашенко нареди да се истражат причините. Сличен инцидент имаше и минатата недела, кога украински проектил заврши на територијата на полска.