Свет

Почина легендарниот бразилски фудбалер Пеле

29.12.2022 20:37

Пеле, во својата 21-годишна кариера, постигна рекордни 1.281 гол во 1.363 одиграни натпревари, вклучувајќи и 77 голови во 92 одиграни мечеви за кариоките...

Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал Пеле, почина на 82-годишна возраст, по тешка борба со болеста. Неговото тело престана да реагира на терапии, а од 29-ти ноември беше во болницата „Алберт Ајнштајн“, во Сао Паоло.

Пеле, во својата 21-годишна кариера, постигна рекордни 1.281 гол во 1.363 одиграни натпревари, вклучувајќи и 77 голови во 92 одиграни мечеви за кариоките. Тој ја предводеше бразилската репрезентација до три светски шампионски титули, во 1958, 1962 и 1970 година.

ФИФА во 2000-тата година, го прогласи Едсон Арантес До Насименто – Пеле за играч на векот.