Субвенции за земјоделството за 2023 година
Субвенциите за земјоделството за 2023 година ќе бидат поставени на 5 столба. Реформите во аграрот, малите семејни бизниси, капиталните водостопански инвестиции, зелената транзиција и модернизацијата преку ИПАРД 3. Предлог-буџетот за 23-та е безмалку 193 милиони евра што е зголемување за 45 милиони споредено со годинашниов...

Првиот столб е субвенционирање и авансна исплата на субвенциите за што се обезбедени над 7 милијарди денари. Тука влегува и програмата за рурален развој, која се трансформира во инвестициска со буџет од една милијарда и педесет милиони денари.
Вториот столб е за поддршка на малите производители на храна со вкупно 35 милиони денари, и ќе се поддржуваат со грант до 600.000 денари.
Третиот столб е насочен кон водостопански инвестиции.
Најголемиот дел од средствата на Министерството во износ од безмалку 885 милиони денари се наменети за Управата за водостопанство за продолжување на веќе почнатите капитални проекти во оваа дејност и во наредната година.
Четвртиот основ е за зелената транзиција што е во согласност со договорот на Европската Унија. Програмата за проширена репродукција на шумите е со буџет од 25 милиони денари.
Последниот основ е модернизацијата во производството на храна која се реализира преку ИПАРД 3 програмата, Светска Банка и Програмата за рурален развој, односно мерката за „Модернизација во земјоделското стопанство“.
Методија Трајков
