Општина Охрид ќе субвенционира евтини авионски летови за Лондон
30.04.2014 13:42
Локалната самоуправа во Охрид, распиша јавен повик за прибирање барања за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авио превозници кои во текот на летната сезона ќе летаат на релација Лондон-Охрид.
Во повикот се појаснува дека финансиската поддршка ќе биде доделена на авио-превозник што покрај исполнувањето на условите утврдени во барањето ќе понуди и најнизок износ на финансиска поддршка во евра изразени во денарска против вредност по патник во пристигнување.

Корисникот што ќе ја добие финансиската поддршка е задолжен најдоцна до 15 јуни оваа година да воведе лет на релација Охрид – Лондон, со два летови седмично во периодот од 15 јули до 15 септември годинава, како и во текот на целите 2015 и 2016 година. Притоа операторот треба да обезбеди превоз за најмалку 9600 патници годишно или минимум 800 на месечно ниво, во целиот период на користење на финансиската поддршка.
Рокот за доставување на барањата за учество во постапката истекува на 26 мај.