МВР
Запленети над 6000 парчиња пиротехнички средства во Ресен, лишено од слобода едно лице
30.12.2022 10:09
Вчера (29.12.2022) полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен извршиле претрес во дом на К.К.(57) од Ресен и во продажен објект во Ресен, во негова сопственост...

Вчера (29.12.2022) полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен извршиле претрес во дом на К.К.(57) од Ресен и во продажен објект во Ресен, во негова сопственост. При претресите пронајдени се 6064 парчиња разновидни пиротехнички средства,а исто така пронајдени и одземени се повеќе пакувања тутун.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
