Украина

Киев нападнат со дронови

30.12.2022 10:32

Гувернерот на киевската област Олексиј Кулеба изјави дека е во тек напад со беспилотно летало. Се слушале експлозии и ехо од противвоздушен оган на 20 километри јужно од Киев...

Гувернерот на киевската област Олексиј Кулеба изјави дека е во тек напад со беспилотно летало. Се слушале експлозии и ехо од противвоздушен оган на 20 километри јужно од Киев.

Властите во Киев ги повикаа жителите во засолништа, ден по еден од најголемите руски воздушни напади од почетокот на војната во февруари. Претседателот Зеленски рече дека воздушните сили низ Украина одбиле 54 руски проектили и 11 беспилотни летала тој ден.

Призна дека во повеќето региони во Украина имало прекини на електрична енергија. Русија вчера истрела десетици проектили кон Украина, погодувајќи ги Киев, Лавов и Одеса на запад и други градови низ земјата.