Косово

Продолжува отстранувањето на барикадите на северот

30.12.2022 10:33

Утрово продолжува повлекувањето на барикадите кои ги поставија Србите на неколку места на северот на Косово...

Утрово продолжува повлекувањето на барикадите кои ги поставија Србите на неколку места на северот на Косово.

Голем дел од блокираните патишта на кои беа поставени пунктовите се проодни.

Повлекувањето на барикадите почна вчера откако Србите од САД и ЕУ добиле цврсти гаранции дека ќе бидат исполнети нивните барања.