САД
Потпишан буџетот за фискалната 2023 година
30.12.2022 10:33
Американскиот претседател Бајден го потпиша буџетот за фискалната 2023 година. Законот беше усвоен од Конгресот минатата недела...

Американскиот претседател Бајден го потпиша буџетот за фискалната 2023 година. Законот беше усвоен од Конгресот минатата недела.
Сумата е 1,7 трилиони долари со која ќе се финансираат федералните институции до октомври 2023 година, ќе се зголеми буџетот на министерството за одбрана и ќе се обезбеди дополнителна помош за Украина. Законот ќе ги поддржи истражувањата во областа на медицината, безбедноста, здравствената заштита на воените ветерани или програмите за борба против насилството врз жените.
Конгресот под контрола на демократите го усвои Законот пред Божиќ со 225 гласа „за“ и 201 „против“.
