Јужна Кореја

Тестови за Ковид-19 за патниците од Кина

30.12.2022 10:33

Јужна Кореја од 5-ти јануари воведува задолжителни тестови за Ковид-19 за патниците од Кина...

Јужна Кореја од 5-ти јануари воведува задолжителни тестови за Ковид-19 за патниците од Кина.

Луѓето кои пристигнуваат од Кина ќе треба да достават негативен резултат од ПЦР тест за Ковид-19 направен не порано од 48 часа пред пристигнувањето во Јужна Кореја или негативен резултат од антиген тест направен не порано од 24 часа пред пристигнувањето.

Претходно, САД и Јапонија воведоа сличен услов откако Пекинг одлучи да ги олабави ограничувањата против Ковид-19.