Дебати, трибини, натпревари за 9-ти мај, Денот на Европа

30.04.2014 13:48

Во ЕУ Инфо центарот  во  Скопје  амбасадорот  Аиво Орав, вицепремиерот  Фатмир Бесими и претседателот на Европското движење, Милева Ѓуровска, ги соопштија  деталите  за повеќе од 50- тина настани, дебати, трибини, натпревари што ќе бидат организирани по повод 9- ти мај  Денот на Европа.

„Целта на овој настан е да ги пренесеме нашите главни пораки коишто се поврзани со европската иднина на оваа земја и исто така да ја доближиме ЕУ до граѓаните“, нагласи Орав.

„Стоиме цврсто на нашата определба за интеграција на Република Македонија во Европската унија“, рече Бесими.

Се одбележува 64-от роденден на Европската унија, со што истовремено ќе им се приближи процесот на европска интеграција на граѓаните.