Да се фокусираме на тоа што нè обединува, повика Џафери
Претседателот на Собранието, Талат Џафери во новогодишната честитка до граѓаните посочува дека мора да се фокусираме на напредокот на Македонија на евроинтеграцискиот пат и на подобриот стандард за живот и работа...

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во новогодишната честитка до граѓаните посочува дека мора да се фокусираме на напредокот на Македонија на евроинтеграцискиот пат и на подобриот стандард за живот и работа.
Без оглед на вештачките поделби, ако сме единствени околу тоа што не обединува, Македонија да биде дом на нашата младина, земја со европски стандарди и вредности, тогаш мораме да си веруваме, да се почитуваме, меѓу нас внатре и надвор со нашите соседи, да се вложиме несебично и да се запрашаме, не само што може државата да направи за нас, туку, што можеме ние да направиме за државата, вели Џафери во честитката.
