Нови ракетни напади во Украина
Вкупно 16 летала биле истрелани од југоисток и север и според украинската војска, сите биле уништени...

Украинската армија соопшти дека одбила напад со руски беспилотни летала во текот на ноќта, вклучително и врз Киев. Вкупно 16 летала биле истрелани од југоисток и север и според украинската војска, сите биле уништени.
Последните податоци објавени од украинскиот власти, тврдат дела илјадници војници и цивили се пријавени како исчезнати откако руските сили ја нападнаа Украина на крајот на февруари. Во меѓувреме, Генералниот секретар на НАТО Столтенберг ги повика земјите-членки на Алијансата да достават повеќе оружје на Киев.
Според него, веројатно е уште поважно земјата да добие доволно муниција за веќе поставените системи. Неодамнешните украински напади врз воени цели во Русија ги смета за целосно легитимни.
