Kонтрола на аеродромите за патници од Кина
Од шпанското Mинистерство за здравство велат дека од патниците ќе биде побарано да достават доказ дека се негативни или целосно вакцинирани против коронавирус...

Шпанската Влада објави дека воведува контрола на аеродромите за патници од Кина. Од шпанското Mинистерство за здравство велат дека од патниците ќе биде побарано да достават доказ дека се негативни или целосно вакцинирани против коронавирус.
Контролите на Ковид за патниците од Кина веќе ги воведоа Јапонија, Индија, Италија, Јужна Кореја и Тајван, а САД во објавија дека тестовите за Ковид ќе бидат задолжителни за сите патници од Кина од 5 јануари. Кина неодамна ги укина мерките што ја држеа земјата во изолација речиси три години.
По укинувањето на рестрикциите на почетокот на овој месец, бројот на заразени со коронавирусот нагло се зголеми.
