Седум години затвор за поранешната лидерка Аунг Сан Су Чи
Со пресудата завршува целата судска постапка против Су Чи, која беше уапсена во февруари 2021 година по воен удар...

Мјанмарскиот суд ја прогласи виновна поранешната лидерка Аунг Сан Су Чи по пет точки на обвинението и ја осуди на седум години затвор. Со пресудата завршува целата судска постапка против Су Чи, која беше уапсена во февруари 2021 година по воен удар.
На рочиштето одржано зад затворени врати таа е прогласена виновна за кривични дела поврзани со изнајмување и користење хеликоптери додека била шеф на државата. Добитничката на Нобеловата награда за мир со децении се бореше за демократија во Мјанмар и поголемиот дел од политичкиот живот го помина во притвор.
Војската ја собори Су Чи со изговор дека не успеала да се справи со нерегуларностите на изборите во 2020 година.
