Орав: Ја споделуваме оценката во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР

30.04.2014 14:08

Ги повикаа сите лидери на политичките партии конструктивно да се ангажираат во реформите кои ќе го унапредат процесот на евроатлантската интеграција...

ЕУ ќе продолжи да ја следи ситуацијата  во Македонија одблиску и најверојатно ќе има и други коментари што ќе следат понатаму, изјави денеска евроамбасадорот во Скопје, Аиво Орав. 
 
Вчера имавме заедничка изјава од Делегацијата на ЕУ и на САД. Мислам дека нашиот став е многу јасен во врска со тоа прашање. ЕУ ќе продолжи да ја следи ситуацијата одблиску и најверојатно ќе има и други коментари што ќе следат понатаму, изјави Орав, одговарајќи на новинарско прашање за тоа каков е ставот на Унијата за непризнавањето на изборите од страна на опозициската СДСМ.  
 
Евроамбасадорот рече дека исто така ја споделуваат оценката содржана во извештајот за изборите на ОБСЕ/ОДИХР и дека исто така детално го проучуваат.
 
Ги повикаа сите лидери на политичките партии конструктивно да се ангажираат во реформите кои ќе го унапредат процесот на евроатлантската интеграција. ЕУ и САД остануваат партнери на замјата во тие напори, се вели во заедничката изјава.