ССМ: Да се биде вработен не е привилегија, туку е право!
Сојузот на синдикатите им го честита Меѓународниот ден на трудот на работниците, со пораката: нашата стратегија не е поврзана со одреден фолклор и прослава со музика!
„Нема само да ги констатираме состојбите, туку ќе излеземе со конкретни барања до сите надлежни институции и релевантни фактори за да направиме притисок и конечно да ги артикулираме клучните проблеми со кои се соочуваат работниците“, истакна Тамара Чаусидис.

Од синдикатот велат се определиле со конкретни кампањи и резултати, да го одбележат 1-ви мај, а потписниците на повелбата за солидарност на синдикатите и сите здруженија за заштита на работничките права, повикаа на солидарен протест на први мај.
Според нив, да се биде вработен не е привилегија, туку е право.