Ракомет

Да им се стави крај на судиските „грешки“

30.04.2014 14:22

Деновите минуваат, но болката, разочарувањето, чемерот во душата останува. Во македонскиот шампион се горди на себе , на публиката која на европа и покажала како се навива со срце,искрено од дното на душата, но уште неможат да се соочат со фактот дека Вардар не е на турнирот на најдобрите 4 во Келн.

„Неможам да кажам кој го организира сето ова,но судењето беше некоректно кон нас,заслуживме да одиме на Ф4.Ќе испратиме протест до ЕХФ и ИХФ, иако ништо нема да се смени, но ова не беше случајно, беше со намера“-изјавува претседателот на клубот Сергеј Самсоненко.

Вардар иницира создавање независен ракометен орган составен од поранешни истакнати судии кои сега не се во корелација со европската и светската федерација, тело составено од чесни луѓе како што вели Самсоненко кои ќе треба да создадат авторитет и да ги заштитат клубовите од грешки на судиите.

Предлогот Вардар ќе го проследи до сите европски клубови, очекува подршка, иако се евесни и за евентуалниот ризик од конфронтација со ЕХФ.

Управата и играчите тешко ја поднесоа елиминацијата и неправдата вели Самсоненко, но треба да се горди и да излезат уште посилни на претстојните натпревари.