Прилеп

Дочекот на Нова година со поскромна трпеза

31.12.2022 09:57

Годинава остави траги и во новогодишното славење и на трпезата. Иако ќе има од сè по нешто, според граѓаните ќе биде малку поскромно. Предновогодишните прослави и домашното славење се главни на влезот во Новата година...

Граѓаните со задоволство ја испраќаат годинава, а со трпеза да ја пречекаат Новата. И да ѝ се надеваат да биде подобра од оваа која скапотијата ја најави на голема врата. Велат, главно дома, а на трпезата да има од сè по нешто. Скапо-евтино, месото ќе го има. На шега објаснуваат – барем со добредојде да се пречека Новата.

Во месарниците, маркетите, на пазарите има работа. Сепак забележуваат – помалку се купува во споредба со лани.

Поради двегодишната затвореност, за граѓаните деновиве најатрактивни станаа предновогодишните забави. За сметка на тоа, прилепските хотели нема да организираат пречек на Новата година. Остануваат атрактивни забавите за младите, организираниот пречек на плоштад и домашната, празнична атмосфера.

Елизабета Митреска