Србија

Вучиќ: Приштина сè уште провоцира

31.12.2022 09:52

Речиси целосно се отстранети барикадите на северот од Косово. Во функција повторно и Јариње и Брњак...

Речиси целосно се отстранети барикадите на северот од Косово. Во функција повторно и Јариње и Брњак.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ смета дека Приштина сè уште провоцира, односно дека испраќа полицајци кои преминуваат од јужниот во северниот дел на Митровица, а потоа се враќаат. Според него специјалната косовска полиција РОСУ поставила два контролни пункта кај Грабовац и Газивода и дека повремено застануваат да земат некого, само да провоцираат.

„Тие луѓе не разбираат дека немаат сила на север, никој не се плашеше од Албанците. Тие не можат ништо да направат на север. Тие не се посилни од Србите“, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Косовскиот премиер Курти пак изјави дека со Србија нема таен договор за отстранување на барикадите и дека единствената гаранција која ја дале на меѓународните претставници е дека не постојат списоци за апсење.