Украина
Русите ја сменија воената тактика
31.12.2022 09:56
Вооружените сили на Русија ја сменија тактиката на ракетни напади врз инфраструктурата на Украина и нејзината противвоздушна одбрана...

Вооружените сили на Русија ја сменија тактиката на ракетни напади врз инфраструктурата на Украина и нејзината противвоздушна одбрана.
Воени аналитичари изјавија дека се користат дронови кои одат пред главниот дел од проектилот и го „влечат“ системот за противвоздушна одбрана, принудувајќи го противникот да троши проектили на екстремно евтини и бескорисни дронови.
Министерството за одбрана на Русија објави дека на 29-ти декември биле извршени масовни воздушни напади и дека целта на нападот била постигната.
