Од утре еврото валута во Хрватска
На полноќ се подигнуваат рампите на граничните премини на Хрватска со Европската унија. Заминуваат во минатото. Загреб влегува во Шенген зоната, куната се заменува со европската валута. Куповната моќ останува иста-уверуваат надлежните...

Хрватска со последни подготовки пред земјата од утре и официјално да го усвои еврото и да се приклучи кон Шенген зоната. Претходно, земјата мораше да исполни строги економски услови, вклучувајќи стабилен девизен курс, контролирана инфлација и одржлива јавна потрошувачка.
Граѓаните се загрижени и сметаат дека смената на куната со евро може да ги зголеми цените. Земјата бележи рекордната инфлација од 13,5 насто предизвикана од експлозивните цени на енергијата во почетокот на годинава.
„Некогаш сонувавме за ова и доживеавме да го видиме тоа да се случи. И среќен сум што доживеавме да го видиме сето тоа како се остварува. И се надевам дека ова значи дека конечно сме дел од Европа, а не од Балканот.“
„Најверојатно ќе видиме уште 30 насто зголемување на цените. Ќе има многу други такви работи, сигурно.“
Од друга страна, користењето на еврото се очекува да ги елиминира ризиците од девизниот курс поврзани со куната и треба да придонесе за економијата на хрватска зависна од туризмот.
„Токму сега видов дека килограм мисиркин стек чини 83 куни, околу 11 долари. Никогаш повеќе нема да го јадам тоа до крајот на мојот живот. До пред некој месец беше 50 и нешто куни. И сега ќе ја претворат цената во евра, според официјалниот курс, без сомнение.“
„Цените не се важни во моментов. Тие ќе се формираат според пазарот. Хрватска е слободна пазарна економија. Ако има стока за продажба, цената е ниска, а ако нема тогаш е висока.“
Куната беше во оптек 28 години, воведена во 1994 година, три години откако земјата прогласи независност од Југославија каде што за монета го имаше динарот. Нацијата од околу 4 милиони жители ќе стане 20-та членка на монетарната унија на ЕУ и прва по Литванија, која се приклучи во 2015 година на Шенген зоната.
Марина Ристова
