Нова година

Градот на неколку часови до Новата година

31.12.2022 15:09

Последен ден од старата година, за која многумина велат-да не се повтори. Но, така беше и за време на ковид кризата. Што не очекува во наредната? Најверојатно, војната во Украина нема толку лесно да запре. Сепак, животот е неумолив, најмладите во празничен дух го очекуваат најомилениот дедо да дарува според желбите. Постарите велат- да нема кавги...

Уште само неколку часа до почетокот на новата година, старата ја испраќаме со желба за повеќе здравје и бериќет во 2023-та. Празнична еуфорија во центарот на Скопје, граѓаните ги прават последните подготовки за дочекот на Новата година.

Централното градско подрачје не е накитено како и досега, но тоа нема да ги спречи граѓаните, особено оние најмалите со возбуда да очекуваат што ќе им донесе дедо мраз.

Старецот од Лапонија ги слушна желбите на децата и вети дека ќе се потруди да ги исполни. И возрасните не останаа пократки во желбите.

На плоштадот во метрополата се прават последните подготовки, музичарите со забава заедно со граѓаните на полноќ ќе ја дочекаат 2023 година.

Ана Ј. Тодоровска