Аерозагадување

Неверојатни изуми и начини за справување

31.12.2022 17:23

Неверојатни изуми за справување со аерозагадувањето. И цвеќето може да помогне-тврдат хуманистите. Високи концентрации на микрочестички во скопскиот воздух. Властите ја вратија еколошката тревога во некои делови на градот...

На кој начин произведува електрична енергија проводник во магнетно поле. Мите Андревски, обичен граѓанин на кој му пречи загадениот воздух, смета дека знае како да се намалат штетните концентрации што ги дишеме. Сопствениот изум го ставил на хартија и го доставил до Владата и до сите политички партии. Одговор нема од никаде, но решил да ги образува сограѓаните што случајно ќе ги сретне на плоштадот. Некој ќе застане, повеќето го одминуваат, но Мите не губи надеж.

„Еве решение за загадениот воздух! Има решение за енергетската криза со помош на трансформатори како да произведувате електрична енергија, значи секое семејство како да произведува и државата да произведува електрична енергија. Ова е ваш изум? Тоа е мој изум, да“, рече Мите Андревски.

Но Мите не е единствениот што го забележува аерозагадувањето и што ги вложува сопствените интелектуални способности за некако да се најде во решението на долготрајниот предизвик. Цветин Поповски слика и преку неговите симболи, цвеќињата ја испраќа пораката за потреба од чист воздух.

„Па не се прави, а и можностите се толку. Навистина треба многу пари за да дишеме чист воздух! Еве, зима е, луѓето немаат доволно средства па мораат да користат огревно средство, да горат дрва кои не се соодветни. Така што, навистина е тешко да се обезбеди чист воздух во овие услови, но јас се залагам секогаш за чист воздух и еве ја цветна Република Македонија. Цвеќето е симбол на чистотата“, рече Живко Поповски.

Оние што немаат идеја, остануваат дома.

„Да ви кажам право јас прв пат излегувам со малава, не сум излегла цела зима. Зошто? Поради воздухот ли? Па поради воздухот!“

Временските прогнози не одат во прилог на чистиот воздух. Високата температура ги матат сметките, а сувото време ќе го задржи смогот со сигурност уште некој ден.

„За жал овие временски прилики воопшто не се поволни во однос на загадувањето, односно го задржуваат загадувањето во долниот дел на атмосферата. Во среда очекуваме да има умерен, некој северозападен ветар, особено долж Повардарието, така што условите за магла би требало да се намалат. Меѓутоа потоа повторно следните денови е стабилно. Некој влажен бран, барем засега изгледа дека ќе има следниот викенд, значи за Божиќните празници“, рече Костадинка Арсовска, УХМР.

Неодамнешните изјави на министерот Нуредини беа јасни, Македонија треба да се гасифицира за да се промени состојбата. Дотогаш горењето на биомаса ќе ни ги црни белите дробови.

Катерина Топалова