Македонија

Првото бебе во 2023 се роди една минута по полноќ

01.01.2023 09:40

Во 2023 година првото бебе се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот.

Во 2023 година првото бебе се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот.

Станува збор за новороденче од машки пол, тешко 3.720 грама и долго 51 сантиметар, потврдија од клиниката.

На свет го донесе 22-годишната Стојанка Панајотова од село Соколарци, Кочани и тоа е нејзино прво дете.