ДЗС: Бројот на работници во индустријата во март е поголем за 7,3%
30.04.2014 14:54
По сектори, најголем е растот на преработувачката индустрија, од речиси 9%...

Бројот на работниците во индустријата, во март оваа година, е зголемен за 7,3 %, во однос на истиот месец минатата година.
По сектори, најголем е растот на преработувачката индустрија, од речиси 9%, а по индустриски групи кај капитални производи од 86,9 %, објави Државниот завод за статистика.
Во првиот квартал од оваа година, во споредба со истиот период лани, бројот на работниците во индустријата е зголемен за 6,9%.
