Прилеп

Македонските пари и ентузијастите во чекор со историјата

01.01.2023 09:51

Без пари нема живот, ниту државност. Приказната за македонските пари е повеќеслојна како и нивното создавање. Една од нив е нераскинливо врзана со Прилеп, со печатницата и со прилепчанецот Сашо Зафисоки. Поминаа три децении од првата генерација на македонската валута – денарот. Како почна приказната за парите?

Една идеја од пред 33 години за Статерот како валута, го донесе македонскиот денар и неговото печатење во Прилеп. Графичкиот инженер и долгогодишен директор на прилепската печатница Сашо Зафироски ја раскажува приказната. За боновите, па и на првата генерација македонски пари – денарот. Предизвик, храброст и почеток на една историја. Желба да ѝ се помогне на државата што допрва се формираше.

Денарот, печатен на купена машина од 700.000 марки со тајни приспособувања, ја пишува историјата на земја која сама создала и испечатила свои пари.

Гордоста останува за печатењето на првите бонови, македонската валута и првата и втора генерација пари. Крупните банкноти се печатат во странство, поситните, а најбројните, се појавија во прилепската печатница и со ентузијазмот и дисциплинираноста на вработените.

Елизабета Митреска