Македонија

По највеселата ноќ, најфреквентно на Токсикологија

01.01.2023 10:35

И на Нова година некој мора да работи. Полицајците, пожарникарите, лекарите ја дочекаа на дежурство, за останатите граѓани да имаат каде да се обратат доколку има повреди, пожари, инциденти или несреќи...

И на Нова година некој мора да работи. Полицајците, пожарникарите, лекарите ја дочекаа на дежурство, за останатите граѓани да имаат каде да се обратат доколку има повреди, пожари, инциденти или несреќи.

Ред и контрола мора да има, оти само така се спречува моментот на прослава да не се претвори во трагедија, велат од МВР.

Први на повик од белите мантили, во Итната медицинска помош, но и клиниките кои работат 24 часа секој ден од неделата. Вообичаено, по највеселата ноќ, најфреквентно на Токсикологија, поради прекумерна употреба на алкохол и храна.