Масовни собири на плоштадите за дочекот на Новата
Светот ја пречека Новата година. Повеќе од 100.000 луѓе се собраа во центарот на Лондон, каде што беше прославен влезот во Новата година со, како што рече градоначалникот Кан, „најголемиот огномет во Европа“, за првпат откако изби пандемијата на Ковид-19...

Светот ја пречека Новата година. Повеќе од 100.000 луѓе се собраа во центарот на Лондон, каде што беше прославен влезот во Новата година со, како што рече градоначалникот Кан, „најголемиот огномет во Европа“, за првпат откако изби пандемијата на Ковид-19.
Масовни собири и во Париз, Берлин, Атина и Мадрид. Новогодишната ноќ на Тајмс сквер во Њујорк помина без ограничувања и мерки против вирусот Ковид-19 за првпат по две години. Во Дубаи доаѓањето на Новата година беше прославено со спектакуларен огномет, светлосни и звучни ефекти, од највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа. Новата година со огномет беше дочекана и во Абу Даби.
Во соседна Србија, пак потона сплав за време на новогодишната ноќ. Гостите починале панично да бегаат од сплавот во моментот кога водата почнала да навлегува во внатрешноста на објектот.
