Груевски на неговиот кинески колега  Ли Кечианг му понуди конкретни проекти

27.11.2013 08:50

Станува збор за проекти од сферата на градежништвото и производството на цемент...

 

Во контекст на отвореноста и спремноста на Кина да се стават 10 милијарди долари на располагање на земјите од Централна и Источна Европа, премиерот Грувски на неговиот кинески колега  Ли Кечианг  му  понуди за реализација повеќе конкретни проекти од сферата на градежништвото , производството на цемент, областа на енергетиката и искористувањето на хидро потенцијалите, инфрастуктурни проекти во областа на патниот и железнички сообраќај, како и од земјоделието. Ова се  проекти за кои кинеската држава има пројавено конкретен интерес.  Втора премиерска средба за само неколку месеци, што говори за одличните односи меѓу Македонија и Кина  и големиот потенцијал за економска соработка. Премиерот Груевски го покани неговиот кинески колега да ја посети Македонија. Денешниот Самит премиерот Груевски го оцени  како добра прилика за остварување на комуникации и  можности за  соработка на полето на економијата. Македонија  на ова гледа  можност за искористување на таквите потенцијали.  Кинеската најава за инвестирање на 10 милјарди долари во земјите од Централна и Источна Европа  се можност  за зближување на регионот на повеќе нивоа. 
Ваквата можност може да биде акцелератор на економската соработка и развој помеѓу регионите. Во тој контекст економски развиена Кина му треба на светот исто онолку колку што и на Кина и е потребен развитокот и економскиот прогрес на државите од светот. 
Од кинескиот колач ,   Македонија e меѓу првите  земји  која потпиша договор вреден 580 милиони евра  за  изградба на автопатските делници Миладиновци – Штип  и  Кичево –Охрид.   .
Во Букурешт шефовите на Влади од ЦЕИ и Народна Република Кина се обврзаа дека ќе работата на интензивирање на инвестициите и на економската соработка.
Го поздравија предлогот за  годишни средби.  Договорија   министерска конференција  за економска соработка, повеќе саеми за инвестиции и трговија  во Кина и инвестициски Форум во Чешка. Стратешка цел на Македонија останува влезот во НАТО и отпочнувањето на преговорите со Унијата , а државата и понатаму е отворена и посветена на надминувањето на единствената пречка на тој пат. Ова им го соопштил Груевски на полскиот и естонскиот премиер, Ансип и Туск, на оддвоените средби , посочувајќи им дека Македонија е заинтересирана да ги зајакне и економските врски со нив. Естонија и Полска  ја потврдиле поддршката за  евроинтегративниот процес на Македонија. Премиерот Груевски престојот во Букурешт го искористи и за промовирање на македонската  поволна бизнис клима пред неговите колеги  и пред романски стопанственици.
Наташа Гркова Петрушeвска