Македонија

Ване е првото родено бебе во 2023 година

01.01.2023 12:42

Ване е првото родено бебе во 2023. Го носи името на неговиот дедо. На скопска гинекологија се роди минута по полноќ. Среќната мајка е од кочанско Соколарци...

Ване е првото новороденче на скопска Гинекологија. 2023 ќе биде машка година. Се роди една минута по полноќ, ќе го носи името од дедото и е прва рожба во семејството Панајотови од кочанското село Соколарци.

Породувањето е направено со царски рез, а мајката и бебето се во добра здравствена состојба.

Бебето, со пригодни подароци, го посетија министрите за здравство и за труд и социјална политика. Посакаа здравје и среќа за семејството Панајотови и добра и бериќетна година за сите граѓани.

На Гинекологија во новогодишната ноќ се родија 4 бебиња. Драг Ване, те очекува прекрасно патување наречено живот, ти претстојат многу предизвици, биди жив и здрав и доволно љубопитен за сите да ги откриеш.

Анита Димитријевска Велковска