Свет

Дочек на Новата година во светот

01.01.2023 14:38

Светот ја пречека Новата година. Парижани повторно се собраа на Шанзелизе, Ајфеловата кула осветлена во живи бои. На полноќ ѕвонеше Биг Бен во Лондон. Најпрепознатливи новогодишни прослави во Рио де Жанеиро и Њујорк...

Светот ја пречека новата година. Повеќе од 100.000 луѓе се собраа во центарот на Лондон, каде што беше прославен влезот во Новата година со, како што рече градоначалникот Кан, „најголемиот огномет во Европа“, за првпат откако изби пандемијата на Ковид-19.

Масовни собири и во Париз, Берлин, Атина и Мадрид. Новогодишната ноќ на Тајмс сквер во Њујорк помина без ограничувања и мерки против вирусот Ковид-19 за првпат по две години.

Илјадници луѓе ја прославија Новата година со музика и танц во главниот град на Мексико.

„Си поминав прекрасно, беше неверојатно, како никогаш во мојот живот.“

Илјадници луѓе се собраа на познатата плажа Копакабана во Рио за да го прослават почетокот на 2023 година, уживајќи во 12-минутниот огномет.

„После две години од овој затвор кој беше пандемија, голема привилегија е да се биде овде и да присуствувам на овие огномети за време на преминот од 2022 до 2023 година. Зошто привилегија? фала му на бога што овде сум жива“.

„Да се биде овде претставува голема среќа после две години без да славиме, без да ја чувствувајќи ја сета оваа човечка топлина, сета оваа енергија“.

Во Дубаи доаѓањето на Новата година беше прославено со спектакуларен огномет, светлосни и звучни ефекти, од највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа. Новата година со огномет беше дочекана и во Абу Даби.

Во соседна Србија, пак потона сплав за време на новогодишната ноќ. Гостите починале панично да бегаат од сплавот во моментот кога водата почнала да навлегува во внатрешноста на објектот.

Марина Ристова