Мирна новогодишна ноќ во државата, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир
Новогодишната ноќ помина мирно без посериозно нарушување на јавниот ред и мир, граѓаните празнуваа одговорно, изјави министерот за внатрешни работи Спасовски, оценувајќи ја состојбата на безбедносен план...

Без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир мина новогодишната ноќ во Македонија. Најголем број на пријавени инциденти имало во Скопје и во Охрид, а вкупно во земјава се извршени 10 кривични дела. Министерот Спасовски им се заблагодари на граѓаните што прославуваа одговорно, нагласувајќи дека во рамките на оваа новогодишна ноќ има за 30 насто помалку пријавувања од ланската.
Службата за итна медицинска помош имала околу 100 интервенции, од кои 40 со прв степен на итност. На Ургентниот центар во Скопје се направени 80 прегледи.
На скопска Токсикологија биле примени 22 пациенти со алкохолно труење, на возраст меѓу 14 и 37 години.
Во изминатово деноноќие службите регистрирале и поголем број на јавувања од родители кои се интересирале каква е постапката со деца кои биле во алкохолизирана состојба.
Марија Котовска
