Дебармаалци го заиграа традиционалното оро
Традицијата продолжува. Дебармаалци на првиот ден од Новата година, заиграа оро со греена ракија и богата трпеза, пред култната кафеана Идадија. Ја скршија погачата, па си посакаа здравје, среќа и бериќет...

Дебармаалци го заиграа традиционалното новогодишно оро. Со чашка греена ракија и богата трпеза си ја честита Новата година.
Првото оро според востановениот обичај, го предводеше овогодишниот кум Михаил Гаревски. Со благослов од стариот ќе ја продолжи дебармаалската традиција. Посака 2023 – та да донесе здравје и бериќет. Според него оваа традиција е гордост за Скопје и не смее да згасне. Дебармаалци испратија порака, но и ветување дека ќе ја негуваат традицијата којашто секој први јануари е главната манифестација во едно од најпознатите и најстари скопски маала.
Дебармалци ја скршија погачата, по што си ги посакаа македонските традиционални желби, да се биде здрав, да не следи благосостојбата, да се има среќа. Мамурлакот од новогодишниот дочек не се испречи пред желбата на дебармаалци и натаму да се одржува обичајот. Греаната ракија се дегустира во легендарната Идадија уште од 1928-та година.
Ана Ј. Тодоровска
