Груевски: Одлуката на СДСМ е штетна за државата
30.04.2014 15:11
СДСМ се уште има време да ја преиспита својата одлука...
Одлуката на СДСМ да ги врати пратеничките мандати е одлука која е штетна за партијата, но и за цела Република Македонија, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Никола Груевски.
СДСМ се уште има време да ја преиспита својата одлука додека Парламентот не почне со работа, рече Груевски.
