Формула за долговечност на браќата Наскови, најстарите жители на Штип
Симо и Ристо Наскови на возраст од 103 и 100 години се највозрасните жители ви Општина Штип. Велат дека работата и умереноста во исхраната ги одржува витални. Во штипската болница утринава се роди и првото бебе годинава, здраво машко бебе, прво во семејството Гочевски од Пробиштип...

„Напорна физичка активност секој ден и умереност во јадењето и пиењето“ – ова е формулата за долговечност на браќата Симо и Ристо Наскови, највозрасните жители во Штип. Живеат во село Стар Караорман. Симо Насков има 103 години, работел како градежник и земјоделец, има работен стаж 40 години, исто толку пензиски стаж и сè уште сака да работи во градината, вели неговиот син.
Дедо Ристо има 100 години, бил текстилен работник и земјоделец и сè уште произведува храна. Во новата година посакува здравје и слога
Работата и здравата храна го одржува витален, лекар нема посетено со години, вели синот Димче
Градоначалникот на Штип ги посети утринава најстарите жители, но и му посака добредојде на првото бебе кое утринава се роди во штипската болница – здраво машко бебе тешко 3 килограми и 300 грама, прво дете во семејството Гочевски од Пробиштип.
Славица Величковска
