Жесток напад со дронови на Киев
Русија е насочена кон критичната инфраструктура на Украина во серија напади со беспилотни летала врз Киев и регионот околу него, изјавија украинските власти...

Русија е насочена кон критичната инфраструктура на Украина во серија напади со беспилотни летала врз Киев и регионот околу него, изјавија украинските власти.
Градоначалникот на Киев Кличко соопшти дека млад човек е повреден во експлозија во областа Киев и дека сите служби се на терен. Инаку во Украина продолжуваат жестоките битки за важен автопат кој е клучна рута за снабдување на руските сили во Донбас.
Ако Украина успее да ја преземе контролата над овој автопат и да го прекине снабдувањето од Белгород, тоа во голема мера би ја намалило способноста на Русија да го задржи градот Кремина.
