Еден загинат, а еден тешко повреден во сообраќајка на патот Штип-Кочани
Трагично заврши новогодишната ноќ за 21 годишно момче од скопско Кадино. Бил прегазен од својот другар на патот Штип – Кочани. Несреќата се случила 20-тина минути после пет часот вчера, а во неа со повреди се здобило уште едно лице од скопското село Трубарево...

Трагично заврши новогодишната ноќ за 21 годишно момче од скопско Кадино. Бил прегазен од својот другар на патот Штип – Кочани. Несреќата се случила 20-тина минути после пет часот вчера, а во неа со повреди се здобило уште едно лице од скопското село Трубарево.
Тројцата другари заедно патувале. Застанале кај местото брилијант, откако 21 годишникот и неговиот другар побарале да одат во тоалет. Момчето кое седело зад воланот, со возилото тргнало напред наводно да ги остави на патот, но по кратко почнал да се враќа во рикверц и ги прегазил своите другари. Со тешки повреди двајцата биле пренесени во штипската болница, но нешто по 7 часот утринава, момчето од Кадино им подлегнало на повредите.
