Јужна Кореја
Сеул му се закани на Јонг-Ун со „пад на режимот“
02.01.2023 10:08
Јужнокорејското Министерство за одбрана предупреди дека секој обид на северна Кореја да употреби нуклеарно оружје ќе доведе до „пад на режимот“ во Пјонгјанг...

Јужнокорејското Министерство за одбрана предупреди дека секој обид на северна Кореја да употреби нуклеарно оружје ќе доведе до „пад на режимот“ во Пјонгјанг.
Претходно Северна Клореја објави дека лидерот ким Јонг-Ун повикал на зајакнување на нуклеарните сили на земјата и засилување на масовното производство на нуклеарни боеви глави. Јужна Кореја, исто така, ветува дека „жестоко ќе одговори“ на нуклеарните и ракетни закани од нејзиниот сосед.
