Мексико

Најмалку 14 мртви во напад на затвор

02.01.2023 10:08

Најмалку 14 лица, од кои десет чувари, се убиени во напад на затвор во Сиудад Хуарез на границата со САД, соопштија локалните власти...

Најмалку 14 лица, од кои десет чувари, се убиени во напад на затвор во Сиудад Хуарез на границата со САД, соопштија локалните власти. Најмалку 24 затвореници избегале, а четири лица се повредени.

Според првичните информации нападот се случил со цел да се овозможи бегство на група затвореници.

Уапсени се четири лица. Не се знае дали станува збор за напаѓачи или за избегани затвореници. Во затворот во овој град во северно Мексико се сместени членовите на картелите Синалоа и Хуарез, кои повеќе од 15 години се борат за контрола на градот.