ММФ

Половина од ЕУ ќе биде во рецесија во 2023 година

02.01.2023 10:31

Годинава во којашто штотуку влезе светот ќе биде тешка за поголемиот дел од светската економија, половина од земјите во Европската унија ќе влезат во рецесија поради војната во Украина, оцени директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева во интервјуто за американската телевизиска мрежа CBS news емитувано во неделата...

Годинава во којашто штотуку влезе светот ќе биде тешка за поголемиот дел од светската економија, половина од земјите во Европската унија ќе влезат во рецесија поради војната во Украина, оцени директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева во интервјуто за американската телевизиска мрежа CBS news емитувано во неделата.

„2023 година за поголемиот дел од светската економија ова ќе биде тешка година, потешка од онаа којашто ја оставивме зад нас. Затоа што стапките на раст на трите најголеми светски економии – САД, ЕУ и Кина, истовремено забавуваат. Земјите членки на Европската унија, многу сериозно ќе настрадаат поради инвазијата на Русија во Украина. Следната година половината од Европската унија ќе биде во рецесија. Има уште една извонредна работа, се покажа дека светот всушност е поотпорен отколку што мислевме пред една година. Ја следиме реакцијата на енергетските шокови во Европа, а Европа решително се движи кон енергетска независност од Русија. Ќе има тешка зима, можно е следната да биде уште потешка, но доаѓа слободата од зависноста од Русија. Тоа ќе биде постигнато. Процените се дека третина од светската економија ќе биде во рецесија во 2023 година“, рече Кристалина Георгиева.